Вести Македонија

Утре нов протест пред Битолската болница за смртта на малата Јана

Битолчани, утре со почеток во 17 часот повторно ќе излезат на протест поради смртта на новороденчето, кое завчера почина на Одделениетие за гинекологија и 5-годишната Јана Христовска која почина на 22 март на Педијатриското одделение во болницата.

Овој пат протестот, наместо на плоштадот, пред Магнолија ќе биде пред Клиничаката болница во Битола. Според најавите на организаторот на протестот ќе се протестира со сирени и молк.

-Ќе носиме сирена, ќе ја вклучиме, а потоа ќе одадеме една минута почит за сите прерано заминати чеда, родители и пријатели и ќе си отидеме…
Нека сирената ја означи алармантната состојба во Клиничката болница, а молкот нека биде за наш потсетник за тие на небесата, оти сите немо седиме и чекаме промените од небо да паднат, а не ние да ги создадеме час поскоро за да спасиме нечии живот – најави Игор Петковски, кумот на Јана кој е организатор на протестите.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Дејан Дејан

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе