Вести Македонија Топ вести

Се крши уставното начело на еднаквост, реагираат синдикатите при УПОЗ на одбивањето на Бесими да им се зголемат платите

За функционерите има зголемувања на плати до 78 %, за вработените во Министерството за финансии за 30 %, а за администрацијата во Министерството за културата, УЗКН и Агенцијата за филм од Финансии немаат слух за барањето за зголемување на поптпросечните плати. Затоа синдикатите при УПОЗ од трите институции и денеска протестираа пред Владата. Револтирани се зашто министерот Бесими упорно одбива да го прифати потпишувањето на предложениот од нив нов Колективен договор, со што би им се зголемиле платите за 30%.

„Каков парадокс, на вработените во неколку државни институции им се ограничува колективното делување и остварување на уставно загарантираното право на плата! Истовремено, се крши и уставното начело на еднаквост и рамноправност на сите вработени затоа што министерот за финансии едноставно цени дека неговите вработени заслужуваат поголеми примања за работата која ја вршат. И никој од надлежните не се спротивставува на оваа одлука  на првиот финансиер туку напротив ја аминува“, изјави Бранко Костовски, претседател на Синдикална организација при УПОЗ од Министерството за култура.

Министерката за култура го разбира гневот на вработените. Признава дека платите во министерството не се зголемиле последниве 15 години, а свесна е за обемот на работата и ги поддржува протестите. Таа во петокот со претставници од трите синдикати беше на состанокот кај министерот за финансии кој не вроди со плод за нивното барање. Но, Костадиновска – Стојчевска гледа решение на проблемот во изготвувањето на Општ Колективен договор, како системско решение за платите во јавниот сектор.

„Не е точно дека во процес на преговарање за Општ колективен договор можеме да пристапиме кон индивидуални. Тие треба исто така да се обратат и до претседателот на УПОЗ, до г-нот Трпе за конечно еднаш да се пристапи кон решение за Општ колективен договор“, изјави Бисера Костадиновска – Стојчевска, министерка за култура.

Синдикатите од културата при УПОЗ, сепак, очекуваат на денешната седница Владата да го прифати нивното барање и да издвои средства за зголемување на платите, согласно Законот за извршување буџет.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Украинците објавија снимка од апсење на руски агенти кои планирале атентат на Зеленски

Дејан Дејан

Најмалку 18 загинати лица, затворен граничeн премин, прекинат протокот на хуманитарна помош – Израел влезе во Рафа

Дејан Дејан

Жозеф Борел со јасен став за офанзивата врз Рафа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе