Вести Свет Топ вести

(Видео) Почна печатењето на новите банкноти од 10 фунти со ликот на кралот Чарлс Трети

Велика Британија почна со печатење на новите банкноти од 10 фунти со портрет на кралот Чарлс Трети. Портретот на кралот ќе биде прикажан на сите четири полимерни банкноти во апоени од 5, 10, 20 и 50 фунти. Другиот дел од постоечкиот дизајн ќе остане ист.

Банката на Англија соопшти дека се очекува новите банкноти да влезат во оптек до средината на 2024 година.

Јавноста во Обединетото Кралство ќе може да продолжи да ги користи банкнотите со актуелниот портрет на кралицата Елизабета Втора, бидејќи новите банкноти постепено ќе ги заменуваат валканите и оштетените.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе