Вести Свет Топ вести

На Твитер и на Телеграм протекоа тајни воени документи на САД и НАТО за Украина

Објавен е дел од тајните воени документи со детали за плановите на САД и НАТО за зајакнување на украинската армија пред планираната офанзива против руските сили, објави Њујорк тајмс.

Пентагон истражува кој можеби стои зад протекувањето на документите, кои се појавија на Твитер и на Телеграм.

Информациите во документите – од кои барем еден носи ознака „строго доверливо“ – се стари најмалку пет недели, а најновиот датира од 1-ви март, се вели во извештајот.

Во еден текст се споменува планирана обука на 12 украински борбени бригади и се наведува дека девет од нив се обучувани од американски и НАТО-сили, како и дека им се потребни 250 тенка и повеќе од 350 механизирани оклопни возила.

Претседателскиот кабинет на Украина тврди дека документите содржат многу фабрикувани информации и се чини дека се резултат на руска операција.

Официјален претставник од канцеларијата рече дека сето тоа изгледало како руска информативна операција за да се посее сомнеж за контраофанзивата на Киев, која се очекува да се случи во следните неколку недели.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе