Вести Свет Топ вести

Израел изврши воздушни напади во Либан и во Појасот Газа- две Израелки загинаа во Западниот брег

Израелската војска изврши воздушни напади врз цели на палестинската милитантна група Хамас во јужен Либан и во Појасот Газа. Војската соопшти дека нападите биле одговор на серијата од 34 ракети истрелани од Либан кон северен Израел вчера, за што го обвини Хамас. Милитантите во Газа возвратија со уште десетици ракети по почетокот на нападите.

Израелските власти соопштија дека во напад врз возило во близина на Хамр, загинале две Израелки, а трета е тешко повредена.

Хамас не признава дека ги истрелал ракетите од Либан, што е најголемиот таков напад во последните 17 години. Но, нејзиниот лидер Исмаил Ханија, кој е во посета на Бејрут, рече дека Палестинците нема да „седат со скрстени раце“ пред израелската агресија.

Израелски проектили погодија отворено поле во близина на палестинскиот бегалски камп Рашидије, како и електричен трансформатор во крајбрежниот јужен град Тир. Луѓето, кои избегале, велат дека нападот започнал во четири часот наутро.

  • Ракетите почнаа попладне а ние си легнавме нормално. Во четири часот наутро израелските авиони почнаа со нападот. Веднаш ги зедов сопругата и децата и ги извадив од дома во случај да има нов напад, сведочи Билал Сулејман, жител на Калили.

Израелскиот премиер Бењамин Нетањаху на состанокот на советот за безбедност повика на смирување на ситуацијата, но беше дециден дека ќе се преземе силна акција против екстремистите. И покрај внатртешните разидувања и протестите против судската реформа Нетањаху смета дека граѓаните на Израел се обединети ги поддржуваат акциите за одбрана на земјата.

  • Неодамна јасно ставив до знаење дека нашите непријатели не треба погрешно да не проценуваат: Внатрешната дебата во Израел нема да не спречи да преземеме акција против нив каде и кога е потребно. Сите ние, без исклучок, сме обединети за ова, рече Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.

Израелските напади врз јужен Либан – што аналитичарите го опишаа како најсериозното насилство од израелската војна со либанската милитантна група Хезболах во 2006 година – се заканува дека ја втурне оваа конфронтацијата во нова опасна фаза. Тензиите се зголемија по двете рации на израелската полиција во џамијата Ал Акса во Ерусалим, коишто предизвикаа насилни конфронтации со Палестинците во џамијата, која е трето најсвето место на исламот, и предизвикаа гнев низ целиот регион.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе