Вести Македонија

Споменикот на Ќосето повторно ја разбранува јавноста

Споменикот на Андон Лазов Ќосето и неговата дислокација повторно ја разбранува јавноста. Членовите од Законот се јасни, велат познавачите, но нивната интерпретација е проблематична, не каде ќе биде споменикот, туку комисии кои треба да одлучат кое е значењето на таа историска личност.

Самата иницијатива на Советот на општина Аеродром за поставување на споменикот на Ќосето во паркот во Горно Лисиче е конечно повод Собранието да организира надзорна расправа за т.н проект „Скопје 2014“, вели професор Барџиева- Трајковска.

„Во крајна линија и она што ние го нарекуваме дивоградба, каде што  е заобиколен законот, како што се носеше закон за легализација на дивоградби, дури и таков статус да добијат, меѓутоа конечно да се затвори прашањето со овој навистина крајно контроверзен и штетен проект. Штетен и од визуелен и од естетски аспект, од секаков. Да не говориме за тоа дека самиот претставуваше обид за некаков идентитетски инженеринг. Меѓутоа во моментов ќе се задржам на правните аспекти, сметам дека е крајно време, неопходно е и токму оваа иницијатива треба да биде повод за организирање на надзорна расправа, посветена токму на т.н проект „Скопје 2014“. Сето она што е до сега сработено, сите можни анализи, сите учесници во тој проект, вклучитечно и самата реализација, тоа треба да биде предмет на расправа“ – вели проф др Донка Барџиева-Трајковска од центарот за културно наследство.   

Според Барџиева –Трајковска споменикот на Ќосето не е ниту е впишан во регистарот на меморијални споменици кој го води Министерството за култура. Советниците на ВМРО ДПМНЕ ја поддржаа иницијативата споменикот да се постави во Општина Аеродром, а 6-мина советници од коалицијата на СДСМ беа против.

„Локацијата не е детално утврдена предлог беше да биде во Горно Лисиче во општина Аеродром. Иницијативата за расправа беше поднесена од страна на советничката група на Левица. Причините зошто во овој момент е поднесена таа иницијатива е претпоставувам поради преписките меѓу градоначалничката Арсовска и градоначалникот на општина Центар за утврдување на локација за поставување на овој споменик. Ликот на Анодон Лазов Ќосето е неспорно лик од македонската историја, современик на Гоце Делчев и останатите револуционери“ – вели Дејан Митевски, претседател на советот на општина Аеродром.

Споменикот на Ќосето, беше поставен пред комплексот судови во Скопје пред девет години, во време на владеење на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ кое тогаш беше во коалиција со ДУИ.

Споменикот беше отстранет во време на градоначалникот Петре Шилегов бидејќи се утврди дека е дивоградба.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

На инагурацијата на Путин нема да присуствуваат ЕУ, САД и Велика Британија

Дејан Дејан

Пленковиќ тврди дека има повеќе од 76 пратеници за состав на влада

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе