Вести Македонија

Министерот Шаќири призна- учебници од први септември (Текстот има исправки)

Дефинистивно учебната година ќе заврши без учебници. Додека министерот Шаќири секој месец уверуваше дека наредниот ќе се испечатат, денеска призна- учениците ќе добијат учебници дури на први септември, следната учебна година.

Учениците се сомневаат дека и годинава навреме ќе ги добијат свидителствата. Од бирото за развој на образованието уверуваат дека ќе стигнат до 10ти јуни, но без одговор дали и овој пат документите за постигнатиот успех на учениците и` ги довериле на Арберија Дизајн, компанијата која ја тресат низа скандали.

(По поднесена претставка до Комисија за жалби на СЕММ од страна на „Арберија дизајн“ на 04.05.2023.,оригиналниот текст во овој дел не е сменет, бидејќи изминатите месеци за зделки на компанијата „Арберија“ со државата имаше интензивен медиумски интерес. Претходно, Арберија не достави реакција или демант до ТВ Телма.)

Постапката е во тек и планираме на време да се испечатат свидителствата.Кога ќе заврши постапката ќе знаеме дали фирмата Арберија Дизајн ќе ги печати свидителствата“, вели за Телма Зекирија Хасипи, директор на Бирото за развој на образованието.

ИСПРАВКА НА 09.05.2023.: Минатата година учениците ги чекаа свидетелства и не ги добија на време, а тендерот од 13 милиони денари го доби  компанијата Арберија Дизајн. Свидителствата беа поделени наместо во јуни, во август. Арберија во август лани ја организираше прославата за одбележување на рамковниот договор.

(По поднесена претставка до Комисија за жалби на СЕММ од страна на „Арберија дизајн“ на 04.05.2023.,оригиналниот текст е сменет. Претходно, Арберија не достави реакција или демант до ТВ Телма. Оригиналниот дел на кој е направена исправка: Минатата година учениците ги чекаа свидетелства и не ги добија на време бидејќи компанијата Арберија Дизајн која се понуди и победи на тендерот вреден  13 милиони денари организираше прослава за одбележување на рамковниот договор.)

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Дејан Дејан

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе