Вести Македонија

Судење Жан Митрев: Ново одлагање и протести на роднините кои бараат правда пред судот

Група роднини го пречекаа, а потоа и го испратија од судот доктор Жан Митрев кој одговара за измама на пациенти кои се лекувале од Ковид 19 во неговата болница

Роднините пред судот протестираа со слики од починатите и транспаренти со пораки дека бараат правда и одговорност од Митрев дека хемофилтрацијата ги убила нивните најмили и дека биле жртви на експерименти

И во судницата атмосферата зовре. Протестот пред судот но и одлагањето на рочиштето беше причина за да се разменат обвинувања за хајки, линч и манипулации. Судењето се одложи затоа што предметот е речиси еден месец во апелациониот суд кој треба да одлучи по жалбата за замрзнувањето на имотот на Митрев.

Обвинителката Искра Хаџивасилева бараше да се закажат повеќе термини односно разумна динамика за судење. Тоа е во интерес и на правата на оштетените но и обвинетиот, смета таа .

Адвокатот на Митрев, Никола Додевски и одговори дека врши притисок а протестот пред судот го доживеала како линч.

„Бараме судењето да се одвива во нормална атмосфера. Нема потреба од итна постапка. Во интерес на правдата, на еднаквоста на оружјето, барам да овозможите на мир да ја подготвуваме одбраната. Денеска бевме пречекани во атмосфера на линч. Јас ова го немам видено. Група луѓе наместени на два метри од судоѕ со пароли, транспарентни , погрдни извици ова е веќе ненормален притисок“ – вели адвокатот на Митрев, Никола Додевски.

Реагираа адвокатите на оштетените. Велат правото на протест  не смее да се смета за линч ниту да се забранува. Бараат судењето да биде во разумен рок.

Одбраната на Митрев не даде изјава. Преку соопштение од болницата  обвинуваат дека се води инструиран процес и организирана хајка за неосновано обвинение.  Организирање на луѓе со транспарентни кои повикуваат на линч, создаваат атмосфера како се да е веќе решено, стои во соопштението од клиниката. Обвинителството целиот процес го води со намера да наштети, а не со намера да докаже вина, затоа што и самите знаат дека вина не постои, додаваат од таму

Додевски  бараше за два месеци од сега да се закаже следното рочиште за да има доволно време и апелација да одлучи но и тој да направи увид во предметот. Хаџувасилева одговори дека Митрев има и други адвокати кои се од почетокот на истрагата запознаени, судијката Лидија Петровска закажа следен термин за 12-ти мај.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Советникот на Зеленски бара да се усвои одлука за враќање на воено способни мажи во Украина

Дејан Дејан

Пропалестинските протести ги зафатија австралиските универзитети

Дејан Дејан

Велипеток – најтешкиот ден во годината

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе