Вести Македонија Топ вести

Повторно протести во Битола по смртта на малата Јана

Вечерва повторно ќе протестираат  роднините и пријателите  на семејството на  малата Јана Христовска, која почина по примена инфузија во битолската болница.

Тие велат дека ќе го изразат својот револт против неправдите во здравството, незадоволни од наодите на Комисијата за стручен надзор на МЗ и  вонредниот надзор на ДСЗИ, без да ги земат предвид изјавите на родителите.

Велат од протестот  ќе се повикаат сите членови на двете тела јавно да одговорат на прашањата на стручната и нестручната јавност за смртта на шестгодишното девојче.

Јана почина на 21-ви март на детското одделение во битолската болница откако  прими инфузија, а вредноста на шеќетот во крвта и се покачил од 9 на 19 единици. Потоа девојчето западна во кома, а лекароте не можеле да ја спасат.

Родителите се сомневаат во лекарска  грешка, а обвинителството го очекува обдукциониот наод по што ќе донесе одлука дали ќе покрене обвинение.

Вирусна инфекција и го зафатила срцевиот мускул – 6-годишната Јана која почина по примена инфузија, пред 6 месеци прележала КОВИД

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пентагон: Руските трупи влегоа во американска база во Нигер

Дејан Дејан

Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа

Дејан Дејан

Зеленски го пречека шефот на британската дипломатија Камерон во Киев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе