Вести Македонија

Вирусна инфекција и го зафатила срцевиот мускул – 6-годишната Јана која почина по примена инфузија, пред 6 месеци прележала КОВИД

И Комисијата за стручен надзор формирана од Министерството за здрaвство не најде пропусти во третманот на лекарите во случајот на 6 годишната Јана Христовска  која почина пред десетина дена на детското  одделение во Клиничката болница во Битола.  Комисијата

констатираше дека според анамнезата, клиничкиот преглед и работната дијагноза, се преземени соодветни чекори во однос на анализи, третман и опсервација на пациентката.

-Од анамнезата има податок за прележан ковид пред шест месеци. По направените лабораториски анализи наодите укажувале на мускулно-воспалителна реакција со покачени вредности на креатин киназа и креатин киназа MB, во рамки на вирусен инфект кој го зафатил и срцевиот мускул со покачена вредност на срцевиот ензим-тропонин, се наведува во соопштението од МЗ

Надзорот Комисијата го спроведе минатиот второник , а комплетниот извештај  ќе биде проследен до Јавното обвинителство., кое го очекува и наодот од обдукцијата на малата Јана, по што ќе донесе одлука дали ќе покрене обвиние  за лекарска грешка.  Родителите се сомневаат во лекарска грешка, затоа што сосотјбата на девојчето драматично се влошила по примена инфузија по што шеќерот во крвта од 9 се покчил на 19 единици, таа западна во кома и почина по 4 часовен престој во болницата. Блиските и пријателите на семејството Христовски, минатата недела организираа протести под мотото Правда за Ја на, како поддршка на родителите да се дознае вистината за смртта на малото девојче и да има одговорност доколку станува збор за пропусти во лекувањето.

Емилија Мисирлиевски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Полицијата застрела вооружен средношколец во Висконсин

Дејан Дејан

ЈСП за велигденските празници ќе сообраќа по неделен возен ред

Дејан Дејан

Велики четврток – почнуваат велигденските празнувања

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе