Вести Македонија Топ вести

Бугарија сака да учествува во процесот на уставни измени во Северна Македонија

„Има дискусии за идни текстови кои би се менувале во Уставот на Северна Македонија и ние би сакале да учествуваме во овој процес за да може се да се одвива без проблеми“, изјави за бугарската агенција БТА, привремениот министер за надворешни работи Николај Милков.

Би сакале да ги консултираме за овие прашања, истакна тој, додавајќи дека за тоа во вторникот имал краток разговор со министерот Бујар Османи.

За бришењето на натписот на бугарскиот клуб „Иван Михаилов“ од Битола, Милков коментира дека очигледно атмосфера во Македонија дозволува тоа да се случи и има елементи на неказнивост при ваквите постапки.

Засега нема одговор од македонскотот МНР дали би прифатиле странска држава да учествува во процес на уставни измени кај нас.

Пленковиќ: Македонија сама да реши кој модел на уставни измени и одговара

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стопанска комори: Комисијата донесе непазарна и еднострана одлука

Дејан Дејан

Пентагон: Руските трупи влегоа во американска база во Нигер

Дејан Дејан

Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе