Вести Македонија

Апел до граѓаните да не отвораат СМС пораки кои повикуваат на задолжителна пријава од УЈП

Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека кон граѓаните се испраќаат СМС пораки со кои се бара да извршат задолжителна пријава на лажна веб страница https: ujp-gov.mk/potvrda.
„Граѓани, никако не отварајте ја оваа лажна веб страница, бидејќи од вас бара да пополните полиња со вашите лични податоци, податоци од платежна картичка и да прикачите слика од важата лична карта“, предупредуваат од УЈП.
Споделувањето на Вашите лични податоци преку оваа лажна веб страница може да предизвика нивна злоупотреба.
Веб страница е лажна, не e во сопственост на УЈП. Испраќачот на пораките се обидува да ги злоупотреби името и логото на УЈП и да ги доведе во заблуда граѓаните, да споделуваат лични податоци и на тој начин да се изложат на ризик и можна злоупотреба. Управата за јавни приходи ги презема сите неопходни активности за справување со оваа состојба.
Во прилог како изгледа лажната веб страницата која не треба да се отвара:
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јужна Кореја го крена степенот на самоодбрана поради можните напади од страна на Северна Кореја

Дејан Дејан

Се враќаат старите цени за осигурување за регистрација на возила

Сашо Чавдаров

Како изгоре познатиот „Хари Потер“ замок по руските напади во Одеса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе