Вести Свет Топ вести

Воз излета од шините и удри во градежен кран во Холандија – еден загинат и 30 тешко повредени

Воз излетал од шините во холандското село Воршотен во близина на Хаг. Еден човек загинал, а над 30 патници се повредени од кои 19 потешко. Возот превезувал 50 патници, кога утринаава во 3.30 удрил во градежен кран, се превртил и дел од вагоните излетале во полето. Спасувачките екипи ги извлекле патниците, на половина им укажале помош на лице место и тие биле сместени во околните куќи, додека 19 се во болница со тешки повреди. Првите два вагони излетале во полето, додека во третиот избувнал пожар, кој брзо бил изгасен од локалната противпожарна служба.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе