Наместо одговор на прашањето дали фирмата „Арберија дизајн“ ја испечатила и маичката со скица на Коридорот 8, вицепремиерот Груби ја соблече и му ја подари на новинарот на „360степени“ порачувајќи му „Ве молам радувајте се, се гради во државата, сите ќе имаат работа“.
Освен на маичката на Груби, и тепихот на бината изгледаше како автопат. Дојдоа со шлемови и опрема да удрат камен темелник, но јавноста не виде лопати, туку откриена беше само табла со натпис „Поставување на камен темелник“.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.