Вести Свет Топ вести

Трамп пристигна во судот во Менхетен каде ќе биде првиот поранешен претседател на САД обвинет за кривично дело

Со конвој од 10 возила , вклучувајќи и полициска придружба, поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, пристигна денеска во судот во Менхетен, Њу Јорк, каде ќе биде формално уапсен.

Возилата се движат по улици без друг сообраќај, со што Трамп бргу ќе пристигне до дестинацијата.

Се уште не е познато кое е точното обвинение со кое Трамп ќе се соочи, но со сигурност се знае дека ќе биде поврзано до парите исплатени за да го купи молкот на поранешната порно ѕвезда Сторми Даниелс, со која имал сексуален однос.

Трамп веќе ја најави својата кандидатура за номинацијата на републиканската партија а доколку и биде осуден, тоа нема да го спречи повторно да се обиде да ја освои Белата Куќа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе