Вести Свет Топ вести

(видео) Трамп пристигна во Њујорк да присуствува на денешното судење

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, пристигна во Њујорк каде денеска треба да се соочи со кривично обвинение, прво покренато против поранешен претседател на САД.

Неговите адвокати велат дека тој категорично нема да се изјасни за виновен за обвиненијата поврзани со неговото плаќање на 130.000 долари на порноактерка непосредно пред неговата победа на претседателските избори во 2016 година, за да ја замолчи за нејзиното тврдење за наводен обид со него една деценија порано.

Официјални лица запознати со обвинението информираат дека големата порота минатата недела го обвини 76-годишниот поранешен претседател за повеќе од 30 основи за кривично дело.

Обвинението останува запечатено, а точната содржина во него, а, а можеби и придружните докази, ќе останат тајна додека обвинението не биде јавно обелоденето на судењето на Трамп што почнува денеска, а кое ќе го води судијата Хуан Мерчан во Врховниот суд на државата Њујорк.

На Трамп најверојатно ќе му се земат отпечатоци како и на секој обвинет за криминал. Но, властите велат дека во знак на почит кон неговата позиција како поранешен претседател, тој веројатно нема да биде врзан со лисици или да парадира пред фотографите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе