Вести Свет Топ вести

Шесте компании со удели на членови на фамилијата Ѓукановиќ лани оствариле приходи од 27 милиони евра

Компаниите, во кои членови на фамилијата Ѓукановиќ имаат малцински или мнозински удел, во минатата година оствариле вкупен приход од 27.667.815 милиони евра, покажуваат доставените податоци во црногорската Управа за приходи и царина.

Вкупната добивка на шесте компании кои се сопственост на лидерот на ДПС, Мило Ѓукановиќ, неговиот син Блажо и братот Ацо, изнесува над 27 милиони евра, објави „Дан“ од Подгорица.

Мило Ѓукановиќ има сопственички удел во „Глобал Монтенегро“, заедно со кумот Вук Рајковиќ и таа единствената компанија која работела во минус.

Синот на црногорскиот претседател во заминување има сопственички удел во ББ „Солар“, во „Капитал инвест“ и во „Кодио“, додека братот Ацо е најголем поединечен акционер во Републичкиот завод за урбанизам и проектирање и во „Прва банка“.

Најдобро работела компанијата „Кодио“ во која Блажо Ѓукановиќ има 40 отсто од сопственоста. Субјектот лани остварил нето профит од 21.455.370 милиони евра. Следна е „Капитал инвест“ која во 2022 година покажала нето профит од 5.642.687 милиони ерва.

ББ „Солар“ е компанијата во која синот на досегашниот претседател на Црна Гора има 50 отсто од сопственоста, останатите 50 отсто му припаѓаат на партнерот Иван Бурзановиќ. Компанијата од областа на енергетиката остварила нето профит од 124.802 евра, што претставува значителен пад во однос на година претходно – 764.601.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе