Вести Свет Топ вести

Мртва трка помеѓу „Продолжуваме со промените“ и ГЕРБ, покажуваат излезните анкети

И по петтите предвремени парламентарни избори во последните две години во Бугарија нема да може да се формира стабилна влада, барем судејќи според излезните анкети. Тие покажуваат дека разликата помеѓу коалициите на поранешните премиери Петков и Борисов, е во рамките на статистичка грешка. Според нив на изборите победува коалицијата на „Продолжуваме со промените“ и „Демократска Бугарија“, кои ќе освојат два или три мандати повеќе од коалицијата на ГЕРБ и СДС.

Мртва трка се води и за третото место помеѓу националистите од партијата „Преродба“ и Движењето за права и слободи. Според излезните анкети, Движењето за права и слободи освојува нешто помалку од половина процент повеќе од „Преродба“, односно еден мандат повеќе.

Во бугарскииот парламент ќе влезат и Социјалистите, додека за партиите „Има таков народ“ и „Бугарски подем“ не се очекува да го поминат 4 процентниот праг.

Дека изборите ќе завршат без изразен победник предвидуваа и предизборните анкети. Бугарија повеќе од две години не може да формира стабилна влада, а честите избори создадоа замореност кај гласачите, и нивната индеферентност ја зацврстува и перцепцијата дека кај ниту една од политичките партии нема вистинска вољја за решавање на најтешките проблеми во државата.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе