Вести Македонија

Грозоморно силување на 12-годишно девојче за Нова Година во Струмица, 21-годишна девојка го напила, соблекла и тепала девојчето, а на две момчиња им помагала да го силуваат

Обвинителството објави за нов грозоморен случај на сексуално насилство врз дете. Жртва е 12-годишно девојче кое на прославата за Нова Година било силувано од две малолетни момчиња. Но, главен актер била 21-годишна струмичанка којасе изживувала со жртвата и го помагала силувањето на немоќното девојче.

-Осомничената најпрвин ја поттикнувала и ја довела во алкохолизирана состојба жртвата, ја соблекла во една од собите, овозможувајќи им на двајцата малолетници да го силуваат девојчето, кое за цело време давало отпор. По целиот настан, осомничената и ја облекла облеката на жртвата и почнала да ја удира со клоци и шамари во пределот на главата, соопшти обвинителството грозоморни детали за осомничена 21-годишна струмичанка.

Таа сега е во притвор, додека 15-годишните момчиња -силувачи се под надзор на Центарот за социјални работи.

Во продолжение соопштението на Обвинителството:

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишна девојка за која постои основано сомнение дека помагала при сторување кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години, согласно член 188 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. За истиот настан, надлежниот јавен обвинител до судијата за деца при Основниот суд во Струмица поднесе Барање за поведување подготвителна постапка против две деца во судир со законот за кои постои основано сомнение дека извршиле дејствија кои со закон се определени како кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години.

При новогодишна прослава во куќа на еден од малолетниците, осомничената, свесна за своето дело, им помогнала на две деца родени 2007. година, со употреба на сила, да извршат силување на девојче родено 2010. година. Осомничената најпрвин ја поттикнувала и ја довела во алкохолизирана состојба жртвата, ја соблекла во една од собите, овозможувајќи им на двајцата малолетници да го силуваат девојчето, кое за цело време давало отпор. По целиот настан, осомничената и ја облекла облеката на жртвата и почнала да ја удира со клоци и шамари во пределот на главата.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничената. Предлогот е прифатен и судијата со решение и определи притвор во траење од 30 дена. За двете деца во судир со законот ќе биде предложена мерка согласно член 115 од Законот за правда на децата – ставање под надзор од Центарот за социјални работи.

Подкастот кој стана злостор, одбраната за вината која почна со Сорос, смеата која го уби(ва) доброто

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Променливо облачно со сончеви периоди и локална нестабилност – Временска прогноза за 20.5.2024

Дејан Дејан

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе