Вести Македонија Топ вести

Запреа возовите во земјава – железничарите во штрајк, бараат полoвина плата за февруари, покачување на бодот за 30 отсто и надомест за ноќна работа

Попладнево запреа сите возови во земјата. Вработените во Македонски Железници – Транспорт стапија во штрајк. Нема да го прекинат сè додека не ја добијат февруарската плата со покачување. Бараат веднаш да им биде исплатена втората половина од платата за минатиот месец, вредноста на бодот да се зголеми за 30 отсто, а кондуктерите да добијат надомест за ноќната работа.

Синдикатот на машиновозачите го актуелизира и барањето за вработување на 40 машиновозачи, бидејќи толку се потребни за редовно функционирање на железничкиот превоз. Штрајкот ќе трае до исполнување на нивните барања.

„Бојкотот ќе трае се до исполнување на барањата. И да пуштат плата денес, бојкотот ќе продолжи додека не бидат исполнети сите барања“, изјави Тони Димовски, претседател на машиновозачите и претставник на машинскиот и извршниот персонал на МЖ Транспорт.

Според Димовски, досега нема најави за средба со менаџментот на компанијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лидерите на „ВРЕДИ“ на средба со Албин Курти

Дејан Дејан

Променливо облачно со сончеви периоди и локална нестабилност – Временска прогноза за 20.5.2024

Дејан Дејан

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе