Вести Свет Топ вести

Интервју на Зеленски за АП: Падот на Бахмут, ќе значи политички пораз за Украина

Падот на Бахмут ќе претставува политички пораз за Киев и ќе влијае врз расположението на украинските војници. Тоа, пак, би можело да доведе до општ пораз на Украина во војната со Русија, порача претседателот Володомир Зеленски во интервју за „Асошиејтед прес“.

„Ако падне Бахмут, тоа ќе биде победа за него (Путин). Тој би ја „продал“ својата победа на западот, во неговото општество, на Кина, на Иран, на други земји, на Бразил, на Латинска Америка, не на Летонија, Литванија и Естонија“, вели Зеленски.

Украина, со помош на западот, го изненади светот со отпорот што го пружи на побројната и подобро опремена руска војска. Успеа да го одбие нападот на Киев и да го потиснат Русите од други важни стратешки области. Додека прогнозите се однесуваа на неколку месеци, војната влезе во втората година, па Зеленски се обидува да одржи висока мотивација во украинската армија и меѓу народот.

Тој нагласи оти засега не чувствува таков притисок, кој нема да биде само внатрешен, туку и од Меѓународната заедница. Американската агенција наведува дека коментарите на Зеленски одат во насока на признавање дека губење на битката за Бахмут, „ќе биде повеќе скап политички пораз, отколку тактички“. Тој е свесен дека сиот успех на неговата земја се должи благодарение на меѓународната воена поддршка, посебно од САД. Тој изрази и стравување дека евентуална смена на власта во Вашингтон, би можела да влијае на војната.

Зеленски во интервјуто упати порака и до кинескиот претседател Си Џинпинг да ја посети Украина кој според него е важен и стратешки значаен лидер. Украинскиот претседател не сакаше премногу да говори за исходот на војната, но изрази убеденост во победа на неговата земја преку „мали победи и мали чекори против многу голема земја, голем непријател, голема војска, но со „мало срце“.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе