Вести Македонија Топ вести

Мијалков и Апелација во трка со времето за “Титаник 2”: Застарување или слобода за изборни нерегуларности

Апелациониот суд во Скопје закажа јавна седница за случајот „Титаник 2“, во којшто е обвинет поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, осум дена пред да му застари делото. Второстепениот суд објави соопштение за јавната седница која ја закажа за на 30-ти март. Кривичното дело на Мијалков застарува на 7-ми април.

-Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека јавната седница пред судот, по кривичниот предмет КОКЖ-43/23, во јавноста познат како „Титаник“, е закажана за ден 30.03.2023 година во 11 часот и 30 минути, соопшти судот. 

Во повторениот процес Мијалков беше осуден на 2 години затвор. Претходно првиот процес со слична казна беше поништен од скопска Апелација и вратен на повторно судење во скопскиот Кривичен суд. Првиот процес во двата суда се одолговлекуваше 5 години, најмногу поради неколкуте заболувања на Мијалков од корона.

Но повтореното судење заврши многу бргу и сега судот и Мијалков се во трка ао времето. Само едно одложено рочиште или подолго одолговлекување на судската одлука во Апелација ќе значат застарување на екс директорот на УБК во овој предмет.

Второстепениот суд по јавната седница ќе треба да одлучи во рок од осум дена. Мериторна одлука (потврда на казната или преиначување на пресудата) ќе стане правосилна пресуда. Доколку Апелација ја поништи повторно пресудата, предметот по трет пат ќе се врати на почеток во соседниот Кривичен суд, но таму ќе им се суди само на останатите обвинети во “Титаник 2”.

Предметот може да застари и доколку за закажаното рочиште Струшкиот затвор не го донесе Мијалков на судење. Еднаш веќе се случи такво “заборавање” на Мијалков во затворот, досега никој не одговараше за тоја пропуст, но беа сменети и подобрени комуникациските канали меѓу судот во Скопје и затворот во Струга.

Други обвинети во случајот се пратеникот и претседател на ДПА Мендух Тачи, поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, , Сашо СрцевВлатко Сајковски и Анета Стефановска и тие немаат можност да се спасат со застарување.

Сите освен Мијалков (Примање награда за противзаконито влијание) се гонат за кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“. Сите 5-мина обвинети добија двегодишни затворски казни.

Беа прогласени за виновни поради договарање да гласаат за поништување на резултатите од локалните избори 2013-та на неколку избирачки места во Струмица каде победи опозиционата СДСМ и нивниот кандидат Зоран Заев. При прегласувањето е направена финансиска штета од околу 400 евра.

Во процесот беа користени и ткнр. бомби односно прислушувани телефонски разговори на кои се слуша договарањето на Мијалков и Тачи за начинот на гласање на Ибраими.

Куриозитет е што на судењето, двајца обвинети Мијалков и Тачи се на црната листа на САД, првиот поради корупција и нелегалбото прислушување кое предизвика масовно прекршување на човековите права, а лидерот на ДПА поради политичко-безбедносни причини.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе