Вести Македонија Топ вести

Семејството Крстевски наскоро ќе биде сместено во станбени единици со 24 часовна поддршка

Речиси месец дена по објавување на сторијата на Телма за катастрофалните услови во кои живее тричленотото семејството Крстевски, кои се лица со попреченост надлежните институции со конкретни чекори. Центарот за социјални работи направил неколку пати увид во нивниот дом, по што е констатирано дека треба да се ангажира фирма за целосно чистење, вклучувајќи го и хемиското, доколку треба и поправки на водоводот.

„Објавивме повик за финансирање на услугата самостојно живеење со поддршка на тој повик ќе се јават давателите кои имаат склучено договор со Министерството за труд и социјална политика за да го прошириме капацитетот. Веднаш по склучување на договорот се надевам до крајот на месецот лицата ќе бидат преместени во траење од 30 дена во станбена единица во давателот на услугата тоа е „Порака Неготино“, изјави Душан Томшиќ од Министерство за труд и социјална политика.

Во тие 30 дена преку фирма која е ангажирана ќе се исчисти станот за да бидат создадени услови за живеење. Случајот со семејството Крстевски е комплициран и бара системско решение, вели Бафтиу, директор на центарот за социјални работи.

„По периодот додека се сместени во приватниот дом ќе се зајакнат капацитетите на сите три лица по враќањето треба да размислиме да биде живеењето со поддршка, затоа што сметаме дека ако повторно живеат сами по овој период ќе бидат во иста ситуација“, вели Лиридон Бафтиу, директор на Центар за социјални работи.

За катастрофалната состојба во која е домот на Крстевски алармираа многу пати и соседите. Велат дека со зголемување на температурите непријатната миризба ќе се рашири низ целата зграда. Проблемот трае со години, надлежните институции си ја префрлаат вината. Соседите молат проблемот конечно да биде решен.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе