Вести Македонија Топ вести

Мијалков се спаси од затвор за перење пари за „Плацеви на Водно“ – Апелација му ја преиначи затворската во условна казна

Во случајот „Плацеви на Водно“ Апелација ја замени затворската казна на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков,  со условна осуда, а на поранешниот премиер Никола Груевски ја зголеми за две години – од седум на девет.

Со првостепената пресуда, Мијалков беше осуден на една година и три месеци затвор за помагање во кривичното дело перење пари. Меѓутоа, Апелација смета дека тој бил само помагач и неговите дејствија не биле реални туку вербални.

  • По однос на обвинетиот С.М. од С. кој е помагач од член 24 на Кривичниот законик за кривично дело од член 273 став 1 кој не преземал реални дејствија и постапки, туку дејствијата му се вербални, советот оцени дека првостепениот суд го повредил член 24 од Кривичниот законик, во кој е наведено дека помагачот се казнува исто или поблаго од сторителот на делото, се вели во одлуката на Апелација. 

Условната казна за поранешниот директор на УБК значи дека затворот од една година и три месеци нема да се изврши ако тој во наредните четири години не стори ново кривично дело. Инаку за перење пари кривичниот законик предвидува минимална затворска казна од една до десет години, но на Апелација не им пречело да пресудат условна казна за Мијалков. Покрај тоа, Мијалков како помагач е осуден седумпати пократко од неговиот братучед, првообвинетиот Никола Груевски за исто дело во истиот случај „Плацеви на Водно.“

Мијалков вчера беше слободен и за случајот Тортура. Скопска Апелација ја потврди ослободителната пресуда во предметот на СЈО за апсењето на Љубе Бошковски ден по парламентарните избори во 2011.

Во меѓувреме, во скопска апелација неделеава пристигна и предметот Титаник два каде меѓу обивнетите е и Мијаков но нему делото му застарува на 7 април.

Истиот суд на крајот од минатата година пак ги укина двата предмети во кои беше осуден на вкупно 20 години затвор- Таргет Тврдина и Трезор. Овие одлуки добија и свое место во извештајот на Стејт Департментот на САД.

Груевски, пак, во „Плацови на Водно“ е осуден за две кривични дела: перење пари и противправно стекнување и прикривање имот. За првото доби пет, а за вториот 3 години затвор кои првостепениот суд ги смести во единствена затворска казна од седум години затвор. Но, Апелација смета дека ваквата казна е мала и дека Кривичен не ги ценел доволно отежителните околности, па му одреди седум години затвор за перење пари и три години и шест месеци за противправно стекнување и прикривање на имот или единствена затворска казна од девет години.

Во останатиот дел второстепениот суд ја потврди пресудата од Кривичен вклучително и конфискацијата на имот кој е со приближна вредност од три милиони евра. Меѓу конфискуваниот имот со пресудата се: два стана на „Бихаќка“; плацовите на Водно со површина од околу 11 000 квадратни метри; две парцели во Крушево и трите стана во „Панорама Резиденс“ во центарот на Скопје.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе