Вести Македонија

Алтернатива: „Тој доаѓа“ ќе стане „Тој заминува“

Слоганот „Тој доаѓа„ ќе стане „Тој заминува“, ако продолжат ДУИ да ги потценуваат Албанците, му порачаа алтернативците на Али Ахмети, откако синоќа ги повика сите да се обединат во заеднички „Фронт за Европа„.

Велат дека се подготвени да бидат олеснувачи за окрупнување и обединување на општествените сили кои се подготвени конечно да се пресметаат со династијата на ДУИ која прави скапи приватни забави за задушување на внатрепартискиот револт.

И предводникот на „огнената група“ од ДУИ, Изет Меџити, изјави дека е изненаден од пораките на Ахмети, кој рече дека  „ДУИ е незапирлив ураган што може да ги збрише сите кои ќе се обидат да ја спречат нивната мисија„.

Вели дека тој такви пораки не им испраќал ниту на најлутите непријатели, а камоли на синовите кои му служеле 20 години.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Посредуваше за Пржинскиот договор, ќе посредува и во македонско-бугарскиот спор и ќе олеснува за уставните измени – Ванхојте се враќа во Македонија

Дејан Дејан

Два земјотреса на Тајван еден по друг со јачина над 5 степени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе