Вести Свет Топ вести

Украинските војници собориле вооружен дрон од кинеско производство

Украинските војници тврдат дека викендов со автоматско оружје собориле вооружен дрон од кинеско производство на нивна територија, објави Си-Ен-Ен.

Станува забор за комерцијален дрон Mugin-5, познат како „Алибаба беспилотно летало“, кои се достапни за продажба до 15.000 долари на веб-страниците на кинескиот пазар.

Од компанијата Мугин Лимитед потврдиле за Си-Ен-Ен дека тоа е нивниот авион, нарекувајќи го „несреќен инцидент“.

Ова е најнов пример за употреба на цивилно беспилотно летало кое е доградено и вооружено, што е знак за брзо менување на моделите на војување.

Од Службата за безбедност на Украина, изјавиле за Си-Ен-Ен, дека нивните агенти на територијата под руска контрола ги предупредиле дека оттаму е лансиран дрон и се упатил кон украинска цел.

Околу 2 часот по полноќ, во саботата, во близина на градот Славјанск борците на 111-та бригада на територијалната одбрана на Украина слушнале беспилотно летало, па дури забележале и светло кое трепка на леталото.

Тоа е најнов пример за употреба на цивилно беспилотно летало кое е доградено и вооружено,

Украинските власти не коментираа за овој конкретен инцидент, но експертите рекоа дека има докази дека двете страни во конфликтот ја користат технологијата.

(видео)Инцидент на небото над Естонија – германски и британски ловци пресретнаа руски авион

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе