Вести Свет Топ вести

(видео)Инцидент на небото над Естонија – германски и британски ловци пресретнаа руски авион

Се уште не расветлен вчерашниот инцидент за оштетување на американскиот дрон од страна на руските авиони сухои, денеска нов инцидент се случи на наебото над Естонија. За време на воена вежба на НАТО, германски и британски ловци пресретнаа руски авион, којшто наводно не комуницирал со естонската контрола за летање.

Уште еден инцидент на небото – германски и британски ловци пресретнаа руски авион, којшто наводно не комуницирал со естонската контрола за летање.

За време на првата заедничка воена вежба на авионите на Британија и Германија во воздушниот простор над Естонија наишле на руски авион, од типот Ил-78, кој се користи за полнење гориво на авиони, наречен „летечки танкер“.

Инцидентот се случил во областа меѓу Санкт Петербург и Калининград.

Вежба на британските и германските сили е дел од зедничката воздухопловна политика на НАТО во овој регион.

Пресретнувањето било рутинско, но е првпат Германија и Британија заедно да изведуваат ваква операција со летечките „тајфуни“.

Инцидентот се случува во време на големи тензии меѓу НАТО и Русија поради војната во Украина иако нема докази дека овој инцидент е поврзан со судирот на рускиот борбен авион и американскиот дрон над Црното море, кој се случи вчера.

За што САД ја обвинија Русија за несовесно однесување.

Пентагон соопшти дека оштетениот дрон бил соборен од САД откако стана „нелетачки“, Русија демантираше дека нејзините два борбени авиони Су-27 имале било каков контакт.

Амбасадорот на Русија во САД, Анатолиј Антонов беше повикан во Стејт департментот, по средбите со американските официјалници рече дека Русија не сака никаква конфронтација со САД.

Портпаролот на Пентагон, Пат Рајдер, пред новинарите рече дека дека дронот не може да лета и затоа бил соборен, додавајќи дека судирот најверојатно го оштетил и рускиот авион, но сепак авионите можеле да слетаат по инцидентот.

  • Она што го видовме повторно беше дека борбените авиони фрлаа гориво пред овој UAV и потоа толку се приближија до авионот што всушност го оштети пропелерот на MQ-9. Оценуваме дека најверојатно предизвикал одредена штета и на рускиот авион, рече Рајдер.

Клучното прашање е дали средбата беше само обид на Русија да го попречи американското беспилотно летало и неговата работа – или постоел намерен обид да се собори.

Американските воени претставници изјавија дека конфронтацијата траела околу 30-40 минути и борбените авиони фрлале гориво на дронот на „несовесен, еколошки нездрав и непрофесионален начин“.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе