Вести Македонија Топ вести

Трето одложено рочиште за случајот со Веапоска – загуби органи по грешка, со месеци чека за правда

Судијата Живко Аврамоски го одложи денешното рочиште во Основниот суд во Струга, во кое им се суди на тројца лекари од струшката болница за лекарска грешка за случајот со родилката Јилдиз Веаповска од Дебар.

Одлагање побара еден од адвокатите на обвинетите лекари, поради здравствени причини. На денешното рочиште требаше да сведочи медицинска сестра од болницата во Струга, а судскиот процес продолжува на 9 мај.

Обвинителството лани во мај поднесе обвинение против поранешниот директор на болницата во Струга и гинеколог Мухамед Асани и уште двајца негови колеги, за тешки дела против здравјето на луѓето, затоа што пред три години при породување со царски рез, Веаповска остана без матка, јајник и бубрег.

За ова кривично дело се предвидува максимална затворска казна од 5 години. Од почетокот на судењето лани во јуни, до денес ова е трето одлагање. Веаповска вели дека последиците по здравјето сè уште ги чувствува, а одлагањето на судските рочишта смета дека е купување на време.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Посветена работа на заедничкиот регионален пазар согласни шефовите на шесте балкански земји

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, кон крајот на денот локална нестабилност – Временска прогноза за 18.5.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе