Вести Македонија Топ вести

Разговори за протоколите за борба со корупцијата, да не се откриваат имиња од американската црна листа, порача амбасадорката Агелер

Борбата против корупцијата останува во фоусот на американската политика кон Македонија. Денес во Скопје беше глобалниот координатор за борба против корупцијата на американскиот Стејт департмент, Ричард Нефју на средба со претседателот Стево Пендаровски. Во кусото соопштение од Кабинетот на претседателот пишува дека се разговарало и за напорите на државата да воспостави ефикасен систем за превенција на корупцијата и судирот на интереси.

„Претседателот Пендаровски посочи на подготвеноста на државата да ја продолжи соработката со САД во напорите за сузбивање на корупцијата, а во функција на унапредување на демократските процеси во државата преку овозможување на добро управување и владеење на правото“, велат од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

Американската амбасадорка Анџела Агелер, која беше на средбата, изјави дека Нефју не е тука за да открива било какви имиња од американската црна листа на санкции, туку да се разговара за протоколите кои американската влада ги има во однос на борбата со корупцијата.

Тој е тука за да се дискутира за процесите, санкциите, протоколите кои  владата на САД ги има по ова прашање. И како што кажав претходно оваа недела, ова е нешто на што продолжуваме да работиме во Вашингтон. Ние во амбасадата секојдневно сме вклучени во овој процес и имаме голем заговорник и сојузник во координаторот Нефју во борбата против корупцијата која знам дека е важна за секој граѓанин на оваа земја“, рече Анџела Агелер, амбасадорка на САД во Македонија.

Амбасадорката Агелер ја стави борбата против корупцијата, како еден од приоритетите за време на нејзиниот мандат. Таа неколку пати до сега предупреди дека тоа е клучно за напредок на државата, но кажа и дека тоа не е проблем кој може да се реши преку ноќ.

Марија Дивитарова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Посветена работа на заедничкиот регионален пазар согласни шефовите на шесте балкански земји

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, кон крајот на денот локална нестабилност – Временска прогноза за 18.5.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе