Вести Свет Топ вести

Сведочења во Конгресот по заминувањето на САД од Авганистан – повлекувањето беше катастрофа

Поранешен маринец на САД, кој е тешко повреден во Авганистан, го опиша повлекувањето на американските трупи од земјата во 2021 како катастрофа во сведочењето пред Конгресот.

Тајлер Варгас Ендрјуз говореше во првото од низата сослушувања што ги предводат републиканците, а чија цел е да се преиспита постапувањето на администрацијата на Бајден за време на повлекувањето од Кабул, јавува „Би-Би-Си.

Тој детално го опиша периодот на хаос и неподготвеност што следувал во деновите по заземање на авгтанистанскиот главен град од Талибанците.

Дваесет и петгодишниот Ендрјуз беше дел од американскиот воен персонал кој имал задача да го штити аеродромот во Кабул на 26 август во 2021 година, кога двајца бомбаши самоубијци нападна група на Авганистанци кои се обидуваа да побегнат од Талибанците за време на американската евакуација. Во нападот загинаа 13 американски војници и 170 авганистански цивили.

Наредникот Варгас Ендрјуз за време на сослушувањето рече дека тој и упте еден американски маринец добиле разузнувачки податоци за бомбашкиот напад што следел, како и дека го воочиле осомничениот во толпата. Додаде дека ги предупредил надредените офицери и побарал дозвола да реагира, но никогаш не ја добил.

„Едноставно, нè игнорираа“, изјави тој во Конгресот.

Експлозијата, рече, го отфрлила од земја и кога ги отворил очите видел дел од своите соборци мртви или повредени покрај него.

„Телото ме болеше. Стомакот ми беше „распорен“. Секој дел од моето тело беше полн со шрапнели“, рече Ендрјуз.

Повлекувањето беше, како што опиша, катастрофа.

„Неопростлив недостаток на одговорност и немарност. Сè уште ги гледам лицата на луѓето кои не можевме да ги спасиме, кои ги оставивме“, продолжи тој во неговото сведочење.

И други американски војници и ветерани пред членовите на конгресната комисија истакнаа дека повлекувањето влијаело на нивното ментално здравје. Мнозинство од сведоците посочуваат вина во сите администрации од моментот на праќање на американски трупи во Авганистан – од Џорџ Буш Помладиот до Џо Бајден.

„Америка гради гнасна репутација поради повеќегенерациското системско напуштање на нашите сојузници, каде оставаме човечки остатоци – од Виетнам до Курдите во Сирија“, рече пензионираниот потполковник Дејвид Скот Ман.

Републиканците, кои долго време бараа истрага, ја обвинија администрацијата на Бајден за повлекувањето од Авганистан. Повлекувањето, според Мајк МекКаул, претседател на одборот и републиканец од Тексас, претставува „системски крах на владата на сите нивоа и загрижувачки неуспех на администрацијата на Бајден“.

Демократите, пак, одговорија на нападите со одбрана на актуелниот претседател. За конгресменот Грегори Микс од Њујорк, Бајден донел „вистинска одлука за повлекување на трупите“.

Бајден претходно рече дека „сноси одговорност за сè што се случило“, но, исто така, го обвини поранепниот претседател Доналд Трамп за надгледување на договорот за повлекување со Талибанците.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Максим Димитриевски: потврдивме минимум пратеничка група ќе имаме околу 60 илјади гласа

Дејан Дејан

Прва проекција на мандати: ВМРО-ДПМНЕ на 59, ДУИ пред СДСМ

Дејан Дејан

Ковачевски спомена одговорност, но не и оставка: Денешниот резултат е разочарувачки и тежок удар за СДСМ, повикувам на внатрепартиски избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе