Вести Свет

(Видео) Киднапирање и убиство на двајца американски државјани кои оделе на естетска операција во Мексико

Двајца од четворицата американски граѓани киднапирани во Мексико се пронајдени живи и веќе се вратени во САД, но останатите двајца се мртви, соопштија вчера мексиканските и американските власти.

Четворицата американски државјани, идентификувани како Зиндел Браун, Ерик Џејмс Вилијамс и роднините Латавија „Теј“ Мекги и Шаде Вудард, беа киднапирани на 3 март во градот Матаморос, во североисточната мексиканска држава Тамаулипас, за Латавија да направи естетска операција. Но, кратко по пристигнувањето во градот, поеќе неидентификувани лица им го пресретнале патот и отвориле оган кон нивното возило. Откако мексиканските власти успеале да ги лоцираат, утврдиле дека Зиндел Браун и Шаде Вудард биле убиени, додека Џејмс Вилијамс и Латавија Мекги биле спасени и вратени во САД.

На видеото кое беше објавено следниот ден се гледа како вооружени лица, опремени со тактички елеци и автоматско оружје, ги качуваат Американците во пикап камионет. На видеото исто така може да се види и дека Зиндел Браун и Шаде Вудард загинале во нападот и напаѓачите ги качуваат нивните тела на камионетот.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Дејан Дејан

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе