Вести Свет Топ вести

Столтенберг предупреди на пад на Бахмут во наредните денови, 10.000 украински војници пред опкружување

Источниот украински град Бахмут, кој со месеци е под силен притисок на руската армија и приватната платеничка група „Вагнер“, би можел целосно да падне во наредните неколку дена, предупреди генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Не можеме да исклучиме можност дека Бахмут ќе падне во наредните неколку денови“, рече Столтенберг на маргините на состанокот на европските министри за одбрана во Стокхолом.

Шефот на руската паравоена група „Вагнер“, Евгениј Пригожин рече дека неговите единици го зазеле „целиот источен дел од градот“, центар на борбите во источна Украина.

„Единиците „Вагнер“ го зазедоа целиот источен дел од Бахмут, сè што е источно од реката Бахмутка“, порача Пригожин во аудио порака што ја лиферуваше неговата прес-служба.

Рускиот притисок за целосно заземање на градот во последните денови се интензивира, а украинските сили, според проценките ги има околу 10.000, се соочуваат со непријателско напредување, но и опкружување.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, по состанокот со воениот врв на земјата, одлучи да се бранат позициите во Бахмут. Во интервју за „Си-Ен-Ен“, тој за одлуката рече дека е таква, бидејќи по Бахмут, руските сили би можеле да имаат отворен пат кон други градови, како на пример кон Краматорск, Словјанск и Часив Јар, но и кон други делови на Украина.

Американскиот Институт за проучување на војната јавува за „контролирано повлекување“ на украинските единици во мали групи од градот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Додека ВМРО-ДПМНЕ е стабилно на 59 мандати, СДСМ и ДУИ се тркаат за еден мандат

Дејан Дејан

Касами – Од утре ги почнуваме преговорите за влада со ВМРО-ДПМНЕ

Апасиев: Имаме сигурни шест пратенички мандати, очекуваме уште еден

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе