Вести Свет Топ вести

Протести по повод меѓународниот ден на жената во светот – најтешка е состојбата во Авганистан

Meѓународниот ден на жената, 8-ми март, традиционално во светот е денот на кој феминистичките организации кои се борат за родовата рамноправност, репродуктивните права, како и елиминирање на насилството и злоупотребата на жените ги интензивираат своите активности и организираат протести.

Во Сеул, Јужна Кореја, различните граѓански, женски организации и синдикати ги повикаа свои подржувачи на протестот на кој порачаа дека немаат намера да се откажат од борбата за елиминирање на дискриминацијата.

  • Почнувајќи од првиот ден на работа, жените се дискриминирани во поглед на платите, напредувањето, образованието и можностите кои ги имаат. Ова се нарекува системска родова дискриминација. Денеска, жените работнички се собраа да маршираат во надеж за елиминирање на ваквата дискриминација и порамноправно општество, вели Квон Су –Јонг , демонстрантка

Веројатно нема место на планетата каде борбата за правата на жените е потешка и поневозможна од Авганистан, под владеењето на Талибанците.

Најголем дел од жените работнички во кројачка фабрика во Кабул се поранешни службенички во владата или други државни институции или пак студенти на кои не им се дозволува да работат или студираат откако на власт се вратија Талибанците.

И покрај првичните ветувања за поумерено владеење, Талибанците повторно воведоа драстични мерки откако во 2021-та година ја презедоа власта, по повлекувањето на силите на НАТО и САД.

На жените им е забрането учеството во јавниот живот, додека ниту девојчињата не може да го продолжат образованието по 6-тото одделение. На мета на острите мерки на Талибанците се најдоа особено активистките кои се обидуваат да ја подобрат ситуацијата со правата на жените.

  • Жените немаат никакви права во Авганистан, училиштата се затворени, образовните центри се затворени а сите други опции за жените не постојат. Само бараме од владата повторно да ги отвори училиштата и образовните центри за нас и да ни ги врати правата, смета Шахида, поранешна студентка

Поинаква прослава од сите други на земјата има и во Русија, каде преку традиоционалната порака до жените и мајките, 8 –ми Март го честиташе претседателот на државата, Владимир Путин. Во фокусот на вниманието на рускиот претседател, особено се најдоа жените во воена служба.

  • Денеска би сакал да им оддадам почит на жените во армијата, кои ја избраа најзначајната мисија – одбрана на татковината. Жените во борбени единици, во армијата, лекарките, сестрите со медицинските тимови, компаниите и болниците, кои ги ризикуваат животите на фронтот за да ги спасат ранетите. Вашата храброст, решителност и борбеност ги зачудуваат дури и најтврдокорните борци, изјави Владимир Путин, Претседател на Русија

8 ми март е голем државен празник во Русија уште од Советското време, но особено внимание во државната кампања добива заради војната во Украина.

 

Никола Илиевски

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мемов: Граѓаните покажаа дека се државотворни, го избраа својот нов претседател

Дејан Дејан

Гордана Силјановска Давкова 61,98%, Стево Пендаровски 30,48% – ДИК со првични резултати за претседателските избори

Дејан Дејан

Меџити: Коалицијата Вреди е победник во албанскиот кампус, Али Ахмети е најголем губитник

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе