Вести Македонија Топ вести

(видео)Што би значело „одвојувањето“ од Кина за европската економија– тоа не е пожелно, ниту можно

„Нема докази“ дека Кина има намера да испрати оружје во Русија, децидна Фон дел Лајен на средбата со германскиот канцелар Шолц. Таа не даде одговор нарекујаќи го прашањето хипотетичко. Санкциите, рече, ќе бидат разгледани само доколку испораката на оружје во Москва од страна на Пекинг стане „реалност“.

  • „Засега немаме докази за ова. Но, тоа треба да го следите секој ден. И навистина, вториот дел од вашето прашање е хипотетичко прашање на кое може да се одговори само доколку стане реалност и факт“, рече Урсула фон дер Лајен, претседател на Европската комисија.

Шолц веќе го повика Пекинг да се воздржи од испраќање оружје и наместо тоа да го искористи своето влијание за да ја притисне Русија да ги повлече своите трупи од Украина. Тој пред два дена се сретна со американскиот претседател Џо Бајден во Вашингтон. Рече дека кинеската влада изјавила дека нема да испорача никакво оружје на Русија.

  • „Сите се согласуваме дека не смее да има испораки на оружје, а кинеската влада изјави дека нема да испорача ниедно оружје. Тоа е она што го бараме и го набљудуваме“, рече германскиот канцелар Олаф Шолц.

Што би значело „одвојувањето“ од Кина за германската економија и бизниси? Економските експерти со став – тоа не е пожелно, ниту можно. Ханс-Петер Фридрих, шефот на германско-кинеската пратеничка група, кој беше министер за внатрешни, како и за земјоделство во владата на Ангела Меркел, вели дека нема да има раздвојување, барем не од германска страна се додека Кина не го посака тоа. Трговската размена меѓу Германија и Кина достигна нов рекорд од 298 милијарди евра во 2022 година, што е зголемување за 21 отсто на годишно ниво. Кина е најголемиот трговски партнер на Германија веќе седум години по ред.

  • Овие бројки ни кажуваат дека Германците прават многу добар бизнис со Кинезите, и обратно. Стабилноста ја гледаме и во однос на економските односи. Треба да останеме имуни на негативните извештаи за медиумите, но да се фокусираме на заедничкиот успех на германско-кинеските економски односи. Верувам дека ова е добро за просперитетот и на Кина и на Германија“, вели Ханс-Петер Фридрих, економски експерт.

Американските власти неодамна предупредија дека Кина може да излезе од маргините и да почне да обезбедува оружје и муниција за Москва. Германскиот канцелар Олаф Шолц постојано нагласува дека Германија цврсто ќе ги развива економските и трговските односи со Кина и ќе се спротивстави на секоја форма на „раздвојување“. Многу германски компании тесно соработуваат со Кина, како Бош, Мерцедес-Бенц и Фолцфаген.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Шкотска има нов премиер ,втор во рок една недела

Дејан Дејан

Огромна потреба од угостителски работници:Се нуди и парична награда од 300 евра за оној кои што ќе предложи некого за вработување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе