Вести Македонија

Меџити за шефот на дипломатијата: Бујар Османи доби непостоечка партиска функција

Како шефот на државната дипломатија кој решаваше конфликти во Молдавија, го води ОБСЕ и често има работа во Брисел, партиски е преселен во каливите сокаци на Чаир кои попуштија на последното невреме. 

Координатор за политички процеси во огранок не постои како партиска функција во ДУИ, реагира првиот човек на огранокот во Чаир, Изет Меџити, кој од медиумите дознал дека,

Ахмети го именувал Бујар Османи за оваа позиција.  Ова за него е и нестатутарно и нелегитимно решение, затоа што не е поминато низ партиските органи.

Одлуката, вели, е уште почудна затоа што чаирчани Османи не можат да го сретнат ни кога не е на функција, а камоли сега кога е партиски портпарол, член на претседателството, министер и претседава со ОБСЕ.

-Поголем дел од времето е во авион, а не да се занимава со структурата на партијата во Чаир. Мислам дека ова е резултатот на големиот митинг наш и јасната порака на граѓаните и на гласачите од кои излегуваат критики и незадоволство за функционирање на министрите, вели пратеникот Меџити.

Меџити не побарал да се сретне со Ахмети, за да добие објаснување, го чека неговиот следен потег.

После ова, вели,може да се очекуваат и потези што никогаш не биле својствени за ДУИ, па дури и исклучување од партијата на тие што се отворено против актуелните министри од оваа партија.

-Во 20 години немало исклучување од партијата, но може да се случи и таа е тенденцијата да ние дојдеме во ситуација да не го препознаваме ДУИ, дециден е Меџити.

И покрај тоа што нивните собири имаат голема посетеност, за формирање на друга партија засега не размислуваат во „огнената„ група.

Велат дека, за нив е важно дека се на иста линија со гласачите,за разлика од противничкиот партиски табор.

Тензиите во ДУИ траат подолго време, а  двете завојувани  групи држат партиски собири независно едни од други.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Дејан Дејан

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе