Вести Македонија

Градот објави нов повик за приватните превозници – нејасно е што точно тие договориле со Арсовска

По пет месеци натегања за да се реши проблемот со јавниот превоз, градот денеска објави нов повик за приватните превозници.

Тие очекуваат следниот месец да почнат со работа и да возат по скопските улици.

Но, на овој повик приватниците ќе се пријават со три нови фирми, бидејќи градоначалниката  Арсовска ги раскина договорите со Слобода превоз и Мак-Експрес.

Градоначалничката Арсовска тврдеше дека градот има автобуси и приватниците не му се потребни на јавниот превоз.

Овој повик е ист, а различни се само фирмите кои место Слобода превоз и Макекспрес ќе ги водат новите пакети.

Сепак, останува отворено прашањето што конкретно се договориле приватните превозници со Арсовска на нивната последна средба.

Според едни тврдења, сигурно е дека Град Скопје ќе го исплати долгот кон приватните превозници.

Но, Арсовска го негира тоа. Исто така, нејасно е дали градот Скопје или ЈСП покрај исплатата на милионскиот долг ќе плаќа и камати. Приватниците велат дека Градот нема да им плаќа камати.

Од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ најавуваат кривични пријави за градоначалничката Арсовска и за директорот на ЈСП Стојковски ако Градот плаќа камати со објаснување дека на Градот не му се потребни дополнителни трошоци.

Од ЈСП без одговор.

„Не сме во можност да ви одговориме со оглед на тоа дека во тек е активен судски спор, чекаме на конечната судска одлука“ – велат од ЈСП.

Ова е трет оглас за приватните превозници, откако претходните два пропаднаа бидејќи никој не се пријави.

Повеќе од три месеци трае хаосот во јавниот превоз откако приватните превозници престанаа со работа, градот им ги раскина договорите а приватниците со блокади и протести бараа исплата на милионскиот долг.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Дејан Дејан

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе