Вести Македонија Топ вести

Уставни измени се невозможни без надпартиски консензус

Прашањето за уставните измени лебди во политичката атмосфера: ниту може да се реализира, ниту да се отфрли засекогаш. Власта бара надпартиски консензус а опозицијата го смета за неприоритетно.

Министерот Бујар Османи во интервју за порталот „Рацин“ вели дека внесувањето на бугарското малцинство во Уставот е решение за идната комуникација меѓу двете заедници во земјава: мнозинскиот македонски народ и малцинската бугарска заедница. Уверен е дека има доволно аргументи за тоа.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, без чии гласови не може ни да се отвори Уставот, смета дека ова прашање не е приоритет за граѓаните, но „неколку политичари на сила го форсираат мислејќи дека тоа ќе ги спаси нивните политички кариери“. Лидерот Христијан Мицкоски не е заинтересиран ниту за лидерска средба. Бара избори дури и без техничка Влада во последните 100 дена од мандатот на актуелната.

Власта сепак има намера да го конкретизира прашањето за уставните измени. Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев, во интервју за Алсат, најави широка дебата во која ќе бидат вклучени пратеници, но и стручната фела, за да се конципираат уставните амандмани и да се објасни што ќе значи внесувањето на делови од бугарскиот, хрватскиот, црногорскиот и други народи. Богоев очекува таа дебата да заврши кон крајот на пролетта и почетокот на летото, односно, во мај во Собранието да се отвори ова прашање.

Но, дво-третинско мнозинство е потребно не само за изгласување на уставните амандмани туку и за носење првична одлука за менување на Уставот. Според распоредот на политичките сили во Собранието, тоа не е можно без гласовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сопругот загина, две малолетни деца и сопругата повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Крупиште

Дејан Дејан

40 дена притвор за Беким Красниќи, уапсен на Косово

Дејан Дејан

Скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, жена му и двете деца се повредени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе