Вести Македонија Топ вести

Османи: Натпартискиот консензус за уставните измени го трасира патот на европски односи меѓу Скопје и Софија

Внесувањето на бугарското малцинство во Уставот, односно промената на овој највисок државотворен акт е важно од две причини, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Прво затоа што дава насока како ќе се постават македонско-бугарските односи долгорочно во иднина. Додека се обидуваа, Република Бугарија пред се, тие односи да ги става во историски контекст, ние најдовме решение дека тие односи ќе се постават на начин на комуникација меѓу две заедници, мнозински македонски народ и малцинска бугарска заедница, коишто живеат во еден нормален соживот во Република Северна Македонија. Така ќе се трасира и патот на односите меѓу двете земји, на двата народа, нагласува министерот Османи во интервју за Рацин.мк.

Решавањето на ова прашање на ваков начин, истакнува Османи, е важно за втората причина, односно за да продолжи процесот на преговори за членство во Европската Унија.

Ние ќе мора да постигнеме надпартиски консензус, да ги оставиме оставиме интересите на дневната политика, да седнеме и да ги анализираме сите аспекти про ет контра за уставните измени. Ве уверувам дека и на експертско и на политичко ниво, и на било кое друго ниво, ќе доминираат аргументите „за“ за уставните измени бидејќи тие се во наш интерес, потенцира министерот за надворешни работи.

Тој во интервјуто се осврнува и на, како што вели, културата на дијалог и на компромис, преку која европската идеја може да се прошири во регионот.

Нашата култура на компромис, култура на дијалог, којашто, за жал, е сѐ поретка не само во регионот, туку и во светот ја прават Северна Македонија референца за тоа како европската идеја може да се прошири во регионот, посочува Османи.

Според него, фактот што имало сериозен прогрес сега во Брисел (во дијалогот Белград- Приштина), фактот што тој прогрес може да добие конечна форма токму во Охрид има своја симболика.

Прво заради успесите на Охридскиот рамковен договор нудејќи модел како се решаваат етничките прашања и е признание за Северна Македонија како важен чинител во регионот, односно како контрибутор на стабилност и безбедност во регионот, рефлектирајќи ја на тој начин нашата функционална меѓуетничка демократија, нагласува Османи.

Во интервјуто министерот Османи вели дека „во регионот има две потенцијални слаби алки, слаби точки. Едно е косовско-српскиот спор и второ е Босна и Херцеговина и потешкотиите во функционирањето на Дејтонскиот договор“ и дека „затворањето не едно од овие две прашања ќе биде значителен исчекор во конечно за негово стабилизирање, за помирувањето и за натамошното евро-атлантско консолидирање на Западен Балкан“.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сопругот загина, две малолетни деца и сопругата повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Крупиште

Дејан Дејан

40 дена притвор за Беким Красниќи, уапсен на Косово

Дејан Дејан

Скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, жена му и двете деца се повредени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе