Вести Македонија

Калајџиев за Телма откако не му беше дозволено да сведочи во одбрана на Русковска: Очекував да ме одбијат, зашто од првиот момент тврдев дека обвинението е лажно

Поранешната шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал Вилма Русковска и двете нејзини колешки Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска, денеска и лично дале исказ пред комисијата во обвинителството и предложиле докази како одговор на тезите на државниот обвинител Љубомир Јовески, кој бараше да одговараат за тешка дисциплинска повреда за претресот во Финансиската полиција.

Русковска го предложила професорот по кривично право Гордан Калјаџиев за сведок, но комисијата не дозволила да го каже своето стручно мислење на обвинувањата против неа дека сторила повреди на кривичната постапка. Калајџиев за Телма потврди дека утрово дошол во обвинителството, но бил вратен.

Со оглед на тоа што исходот од постапката може да биде и разрешување, професорот смета дека требало да се дозволи сведочењето.

Калајџиев вели дури и очекувал да биде одбиен поради неговите јавно искажани ставови дека обвинителките не го повредиле законот.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Посредуваше за Пржинскиот договор, ќе посредува и во македонско-бугарскиот спор и ќе олеснува за уставните измени – Ванхојте се враќа во Македонија

Дејан Дејан

Два земјотреса на Тајван еден по друг со јачина над 5 степени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе