Вести Економија Најважни

Недостатокот на евтиниот бел леб ги празни рафтовите со брашно во маркетите

Втор ден рафтовите во маркетите и пекарите без евтиниот бел леб. И денеска производителите не го испорачуваа. На полиците можеше да се најде оној со повисока цена. Но, недостатокот на овој леб,  полека, но сигурно ги празни рафтовите за брашно. Според информациите од маркетите, од вчера е зголемена побарувачката. Останува неизвесно дали и кога ќе се најде решение за проблемот со лебот, кој всушност граѓаните најмногу го купуваат.

Два дена нема реакција, ниту од Владата, ниту од мелничко-пекарската индустрија. Од овој сектор повторно само телефонски посочија дека остануваат на истата одлука – производот да не се испорачува сè додека е на сила владината одлука.

Ниту од комисијата за заштита на конкуренцијата немале ингеренции. Министерот Бектеши на владината прес-конференција ги повика, но од комисијата за Телма велат дека во овој случај  немаат никаква надлежност.

„Ние работиме на истражување на пазарот и состојбите и носиме одлуки и санкции. Но тука не се работи за нарушување  туку за престанок на испорака, процес. Некој оценил дека цената на неговиот производ не одговара на тоа што треба да го произведе тоа веќе не е во доменто на нашата работа“, вели Владимир Наумовски, претседател на Комисија за заштита на конкуренцијата.

Контролите од пазарните инспектори продлжуваат и денеска. Во текот на вчерашниот ден направиле над 190. Неправилности нема. Цената на рафтовите била корегирана. Но, зад сумата го нема производот. Од пазарен повторно посочија дека тие не се надлежни за испораката на производот.

Експертите, пак, во вчерашната „Топ тема“ констатираа дека со замрзнувањето на цени многу се доцни, а односот на производителите го оценија како некоректен.

„Не треба да се однеусва само на цената на лебот туку за сите основни прехрамбени произоди. иако е задоцнета туку и за сите  производи., Владата има грешки но за ова се највиновни се фирмите затоа што пекарите нехумано надмено и нечовелчки репшија да престанат со производство на леб“, рече економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ.

„Не знам овие мерки веќе не можам да ги коментирам. Се прават на дневна основа, мора стратешки да се размислува да се донесат целосни мерки, не може само во еден сектор да се помага, а сите други да ги оставиме без мерки“, смета економскиот аналитичар, Абил Бауш.

Цената на белиот и на полубелиот леб, цел или на парчиња, се „замрзна“ на 33 денари. Мерката  важи до 31 мај. Се укинува и субвенционирана струја. Евтината електрична енергија фирмите ќе можат да ја користат до 1 април. Владата ги донесе овие одлуки, затоа што анализите покажале  дека 70 отсто од фирмите кои ја користеа субвенционирана струја, не ги намалија цените.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Дејан Дејан

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе