Вести Македонија Топ вести

Модуларната болница во Тетово имала лоша електрична инсталација, недостигале бројни документи – сведоштво на судскиот вештак

Овластениот судски вештак по електротехника, Ирфан Шаќири, на денешното рочиштето за случајот „Модуларна болница Тетово“, сведочеше дека според неговиот наод, целата постапка на изведување на електричната инсталација во модуларниот објект била реализирана со недостаток на голем број документи потребни за ваков тип на градба. Тој рече дека изведбата не била согласно прописите и правилниците.

„Самиот чин на приклучување на објектот во мрежата на операторот е изведена од двајца вработени во Клиничката болница без изготвување документ, неопходен за ваков тип и без надзор од овластени електроинженери. Објектот проектиран од БРАКО е монтиран, според нив, како што се барало од Министерство за здравство, според нивната изјава, нивна должност била само да го изготват и монтираат на дадената локација. Од нивна страна во однос на електричната инсталација нема елаборат, бидејќи според нив, никој не им барал. Ми беше приложена шема за електрични уреди во објектот, меѓутоа таа била за нивни интерни потреби, не беше валиден документ, овластен од комората“, изјави Ирфан Шаќири, овластен судски вештак по електротехника

Пред судот сведочеше и тетовчанка која за време на пожарот била во модуларната болница заедно со нејзиниот сопруг, кој бил хоспитализиран таму и кажа дека во целата паника тие се спасувале преку прозорецот.

Денес беа презентирани и писмените докази на одбраната, односно договори со компанија задолжена за набавка и одржување на ПП апарати, правилници и одлуки за заштита од пожари, планови за функционирање и сл, потоа извадоци од весници и прилози, кои покажуваат дека обвинитиот доктор не бил раководител, како и барање до Министерство за одбрана за испраќање помош во справување со големиот број пациенти.

Инаку пред почетокот на судењето повторно се одржа граѓански протест за поддршка на докторот Бобан Вучевски.

Во овој случај, поранешните директори Флорин Бесими и Артан Етеми се обвинети за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, докторот Бобан Вучевски за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, за кое се товари и правното лице Клиничка болница Тетово. Следното рочиште е закажано за 21 март.

 

Данијела Билбилоска

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Огромна потреба од угостителски работници:Се нуди и парична награда од 300 евра за оној кои што ќе предложи некого за вработување

Дејан Дејан

Русија ќе произведува лимузини за Путин во старата фабрика на Тојота

Дејан Дејан

Додека ги служело здравје оделе на гласачки места, сега гласаат во домашни услови – за 76-годишната Слободанка и 81-годишната Митра гласањето останува свечен чин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе