Вести Македонија

Апанажата за разрешените функционери или со дадена оставка не е укината- тврди професорката по уставно право и поранешна министерка за правда Рената Десковска

Откако Уставниот суд го укина членот 22 од Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на РМ и другите избрани и именувани лица во Републиката со тврдење дека отсега ќе нема апанажа за разрешените министри и функционери или оние што ќе дадат оставка поранешната министерка за правда Рената Десковска вели дека истите функционери имаат право на апанажа според друг член.  немаат ве

-Не сакам да бидам „расипувач на забави“, но сметам дева треба да си го поставиме прашањето дали ефектот на вчерашната одлука на Уставниот суд ќе биде укинување на апанажата во случаи на разрешување и оставка, напиша професорката по уставно право која беше и министер за правда во владата предводена од Заев.

Десковска го цитира член 19 од законот кој гласи:

Член 19

Пратеник кој за време на вршењето на пратеничката функција остварувал плата или надоместок на плата во месечен износ во Собранието, функционер и раководен работник кој го именува Собранието, односно назначува телото што тоа ќе го овласти претседателот на Република Македонија и Владата кој за време на вршењето на функцијата остварувал плата, може да остварува плата по престанувањето на функцијата за време до една година, и тоа:

– три месеци, ако функцијата ја вршел до шест месеци,

– шест месеци, ако функцијата ја вршел од шест месеци и еден ден до 12 месеци,

– девет месеци, ако функцијата ја вршел од 12 месеци и еден ден до 24 месеци и

– 12 месеци, ако функцијата ја вршел 24 месеци и еден ден и повеќе.

-Остана одредбата од членот 19 кој предвидува апанажа за функционерите на кои им престанала функцијата (по било кој основ), без разлика дали предвремено или по истек на мандатот. Кои се предвремени основи за престанок на една функција? Разрешување, оставка (од било кои причини, лични, здравствени, заради политичка одговорност итн), распуштање на Собранието, избор на нова Влада или по сила на закон (кога ќе настане некоја околност предвидена во законот), како на пример со престанок на мандатот на министерот – претстанува мандатот на државниот секретар (што е лошо решение – видовме парализирани министерства изминатите две недели кога со разрешување на министрите и државните секретари ги изгубија функциите), вели Десковска.

Според неа, „членот 19 предвидува апанажа и при престанок на мандатот со негов истек и при предвремен престанок на мандатот, без конкретно да наведува или да прави разлика меѓу случаите. Предвремениот престан на функцијата дури е и наведен во четирите алинеи каде се предвидува различно траење на апанажата во зависност од траењето на функцијата. Овие алинеи се подоцна внесени во законот и тогаш не е интервенирано во членот 22, кој сега е укинат.“

-Сега ни останува да ја почекаме објавена одлуката на Уставниот суд и нејзиното образложение, односно како ќе го толкуваат начелото на владеење на правото и дали основ ќе биле уставноста или целисходноста (ова го пишувам бидејќи имав можност да прочитам едно издвоено мислење во кое некои судии аргументираат за наводна (не)целисходност на некои законски одредби, што секако не е надлежност на Уставниот суд), вели Десковска.

Според неа клучно ќе биде барањето на првиот разрешен функционер кој ќе бара апанажа.

-Секако ќе биде интересно да го видиме и постапувањето на органите во првиот случај кога разрешен функционер ќе поднесе барање за апанажа, за да видиме дали нешто практично смени вчерашната одлука или ќе излезе „многу врева за ништо“…, потенцира поранешната министерка и професорка по уставно право Рената Десковска Треневска.

(видео)Уставен суд пресече – нема повеќе апанажа за поранешните функционери кои си поднеле оставка или биле разрешени

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Огромна потреба од угостителски работници:Се нуди и парична награда од 300 евра за оној кои што ќе предложи некого за вработување

Дејан Дејан

Русија ќе произведува лимузини за Путин во старата фабрика на Тојота

Дејан Дејан

Додека ги служело здравје оделе на гласачки места, сега гласаат во домашни услови – за 76-годишната Слободанка и 81-годишната Митра гласањето останува свечен чин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе