Вести Македонија Топ вести

(видео)Уставен суд пресече – нема повеќе апанажа за поранешните функционери кои си поднеле оставка или биле разрешени

Функционерите кои си поднеле оставка или биле разрешени нема да можат да земат апанажа. Уставниот суд денеска го укина членот 22 од Законот за плати и надоместоци на избрани и именувани лица.

Елена Ивановска Мукоска во Вестите на Телма во 12.30 разговараше со портпаролката на Уставен суд Христина Беловска.

Уставниот суд на денешната седница го укина членот 22 од Законот за плата и другите надоместоци на избрани и именувани функционери.

Содржината на овој член е дека пратеник, функционер и раководен работник кој поднел оставка или е разрешен од должноста пред истекот на времето за кое е избран, именуван или назначен ги има сите права како останатите функционери меѓу другото и право на надоместокот популарно наречен „апанажа”.

Овој член според судот нема уставна оправданост. Судот го зема во предвид фактот  дека до оставка или до разрешување доаѓа заради некаков вид на одговорност поврзана со вршењето на доверената функција.

Според Судот, оставката и добивањето на паричен надоместок во вакви случаи се меѓусебно неспојливи. И затоа е донесена  укинувачка одлука,одредбата е спротивна на владеењето на правото кое е една од темелните вредности  на нашиот Устав, предвидена во членот 8.

Иницијативата е поднесена на почетокот на 2022 година, од страна на Глигорие Ќатоски, адвокат од Струга.

Оспорени беа 7 члена од Законот, од 19-25, но Судот го оцени само членот 22 како спротивен на Уставот.

Оваа одлукана Уставниот суд е конечна и влегува во сила откако ќе се објави во Службен весник.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе