Вести Македонија Топ вести

Случајот „Пендиков“ целосно исполитизиран, вели одбраната на напаѓачот Спасески

Случајот е целосно исполитизиран, а на Илија Спасески апсурдно е да му се суди за напад од омраза врз  Христијан Пендиков,  затоа што неговиот татко  беше меѓу првите кои ги извлекуваа бугарските туристи во бродската несреќа во Охрид,  а Бугарија го одликуваше со државен  орден.  Вака неговиот адвокат Димитрија Цобоски, одговори на новинарските прашања на излегување од Охридскиот суд, каде денеска почна, но и веднаш се одложи судењето за случајот Пендиков.

Како може да  биде напад од омраза, кога неговиот татко спасуваше бугарски државјани во големата бродска несреќа, а малиот Илија беше прв кој алармираше дека тоне бродот и кога е воспитан во еден дух секого да сака, најмалку да мрази. Сега размислете дали може да биде од омраза или на ова се дава еден политички акцент, се исполитизира до страшни граници и може да штети врз целата постапка, изјави адвокатот Димитрија Цобоски.

Судењето се одложи на барање на бранителите  на обвинетиот  Сасески за целосен увид во доакзеите на обвинителството. Судијата Бојан Мартиноски од  адвокатот на Пендиков, Стефан Камишевски побара адреса од оштетенито  за судот да му достави покана,, затоа што е клучен сведок. Негвиот бранител рече дека не знае кога Пендиков  ќе може да присуствува затоа што се уште се лекува и има потешкотии со говорот. Подоцна во изјава за медиумите не сакаше да ја коментира забелешката на новинарите дека Пендиков се појавива и дава интервјуа за бугарските телевизии.

Ќе се појави кога ќе заврши со лекувањето. Јас не сум го гледал тоа интервју, рече Стефан Камишевски, адвокат на Пенидиков.

За случајот Пендиков, инаку секретар на бугарскиот  клуб   во Охрид,  следното рочиште во Основниот суд   е закажано за 5 април. Од спротива на  објектот каде што е сместено  здружение цар Борис Трети, отстранета е таблата со името. Ова бугарско здружение е единствено кое   поднесе барање до Централниот регистар за пререгистрација, но нема доставено ново име за клубот.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Најмалку 18 загинати лица, затворен граничeн премин, прекинат протокот на хуманитарна помош – Израел влезе во Рафа

Дејан Дејан

Жозеф Борел со јасен став за офанзивата врз Рафа

Дејан Дејан

Денеска ќе се одржи инаугурацијата на рускиот претседател Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе