Вести Македонија Топ вести

Ескобар за црната листа на САД: Санкциите ќе ги користиме, но тие не можат да бидат замена за домашната борба против корупцијата

Санкциите ќе ги користиме како што тие се наменети, најави на денешниот прес брифинг со новинарите од регионот, американскиот заменик помошник државен секретар на САД, Габриел Ескобар, на прашањето дали може да соопшти детали за долго најавуваната  црна листа на македонски функционери, поврзани со корупцијата.

Не е наша политика да ги најавуваме санкциите кои ќе ги воведеме,  објасни Ескобар, додавајќи дека американската црна листа сепак не може да биде замена за борбата против корупцијата, која пред се треба да се води на домашен терен, во македонското правосудство.

  • „Најдобриот начин за борба против корупцијата не е преку американските санкции, туку преку домашно гонење на корупцијата, преку зајакнување на владеењето на правото. Нашите санкции не се замена за домашните процеси, за домашните институции кои треба да го штитат владеењето на правото. Ја охрабрувам владата на Северна Македонија, како и владите на сите земји на Западниот Балкан, вистински да се посветат на борбата против корупцијата. Таа е главниот, заеднички проблем во целиот регион. Тоа е единствената работа која сите шест земји од Западниот Балкан ја споделуваат. И проблем кој е навистина штетен за нивниот демократски и економски развој“ – Габриел Ескобар, заменик помошник на државниот секретар на САД.

Иако веќе подолго време се најавува дека Соединетите држави, преку Стејт Департментот ќе објават листа на актуелни и поранешни политичари, министри, судии и обвинители, кои заради значителна корупција би биле ставени на листата која автоматски значи забрана за нивни влез во САД, детали за оваа листа се уште нема,

Истовремено и американската амбасадорка Анџела Агелер, јасно стави до знаење дека борбата против корупцијата треба да биде меѓу главните приоритети на македонската владата, особено за случаите со ткн висока корупција, односно каде осомничени се носители на јавни функции.

Во декември минатата година, во Македонија пристигна и ткн „тим за санкции“, односно истражители чија задача беше од прва рака да ја согледаат состојбата во Македонија и да испратат порака до сегашните и поранешните функционери во државата, дека корупцијата мора да се казнува.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сопругот загина, две малолетни деца и сопругата повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Крупиште

Дејан Дејан

40 дена притвор за Беким Красниќи, уапсен на Косово

Дејан Дејан

Скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, жена му и двете деца се повредени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе