Вести Свет

Курти пред средбата со Вучиќ во Брисел – Взаемно признавање како суштина, реципроцитет како принцип

Взаемно признавање како суштина, реципроцитет како принцип, е ставот на косовскиот премиер Албин Курти во пресрет на средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ во понеделник во Брисел. Официјалниот предлог документ на Европската Унија за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина сè уште не е објавен во целост, иако дел од медиумите во Србија, цитираа делови од него, а косовските, пак, објавија дека начелно е прифатлив за Курти.

„Бевме и ќе бидеме посветени, конструктивни, принципиелни и креативни во изнаоѓање на решение за нормализација на односите со Србија со посредство на Брисел. Сегашната состојба на односите со Белград не е нормална, а добрососедството е нормална состојба. Значи, меѓусебното признавање како суштина, а реципроцитетот како принцип“, порача косовскиот премиер, Албин Курти.

Пред состанокот Курти – Вучиќ во Белград се огласи и специјалниот претставник на Стејт департментот, Дерек Шоле кој твитна оти дека на косовскиот премиер му порачал оти сега е време да се разговара и за формирање на Заедницата на српски општини.

„Му реков дека сега е време да се разговара и за Заедницата на српски општини. И Косово и Србија треба да ги спроведуваат договорите што ги потпишаа низ процесот на дијалог, вклучително и напредок кон востпоставување на ЗСО“, напиша Дерек Шоле, специјален претставник на Стејт Департментот, на Твитер.

Најновата рунда на преговори меѓу Белград и Приштина е закажана за време на учеството на Вучиќ и Курти на безбедносна конференција во Минхен. Српскиот претседател и косовскиот премиер во понеделник попладне најпрво ќе имаат одвоени средби со еврокомесарот за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, во присуство и на специјалниот претставник за дијалогот, Мирослав Лајчак, а потоа се очекува и трилатерала во Брисел.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Дејан Дејан

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе