Вести Македонија

Белите мантили утре на протест пред сите здравствени установи

Белите мантили утре на протест пред јавните здравствени установи ќе го изразат незадоволството поради тоа што им доцнеше исплатата на јануарската плата, а ќе бараат и потпишување на колективен договор со кој би се зголемил регресот за 3.000 денари на здравствени работници со средно, вишо и високо образование и 2.000 денари за останатите работници.

Се договориле за линеарно покачување, но ни тоа не го добиле. Синдикатот на Клинички побара од Владата да ги викнат на состанок и да се договорат кои би биле следните чекори и како би се реализирале покачувањата, со оглед на најавеното зголемувањето на минималната плата од месец март.

Здравствените работници се револтирани бидејќи им доцнеше јануарската плата. Поради хакерскиот напад на системот на Фондот за здравствено осигурување на 7 февруари, дури вчера почна исплатата на јануарската плата. Од фондот пак најавија дека најдоцна за 2 дена ќе ја добијат платата за месец јануари, но досега 7 клиники останале без исплатени плати.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Истражувањето покажа: Американците не им веруваат на медиумите и новинаритe

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе