Вести Свет Топ вести

Русија тврди: Пробиен е дел од украинската одбрана во Луганск

Руските војници успеале да пробијат дел од одбраната на украинските сили во областа Луганск, соопшти Министерството за одбрана во Москва.

„Во текот на офанзивата, украинските војници се повлекоа до три километри од линиите што претходно ги окупираа. Дури и посилната втора одбранбена линија на непријателот не беше во можност да ги спречи руските војници да се пробијат“, соопшти Министерството на својот канал на социјалната мрежа Телеграм.

Министерството не прецизираше на кој дел од фронтот во регионот Луганск е започната офанзивата.

Украинската армија известува за масовно руско гранатирање на линијата на фронтот. Киев соопшти дека ситуацијата е тешка, но додаде дека украинската војска одбила многу руски напади. Киев повторно ги повика сојузниците да го забрзаат доставувањето на воена помош.

Русија моментално контролира дел од јужните региони Херсон и Запорожје, вклучувајќи ја нуклеарната централа Запорожје, речиси цел Луганск, повеќе од половина од регионот Доњецк и регионалниот центар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лидерите на „ВРЕДИ“ на средба со Албин Курти

Дејан Дејан

Променливо облачно со сончеви периоди и локална нестабилност – Временска прогноза за 20.5.2024

Дејан Дејан

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе