Вести Свет Топ вести

Црн биланс од земјотресите во Турција и во Сирија – бројот на загинати луѓе е преку 41.000

Според најновите податоци, во разорниот земјотрес во Турција животот го загубија 35.418 лица, а во Сирија најмалку 5.800 луѓе. Речиси 100.000 се повредени.

Земјотресот погоди 13 милиони луѓе, вклучувајќи околу седум милиони деца. Повеќе од 200.000 луѓе учествуваат во потрагата и спасувањето.

Близу 20.000 од повредените се на болничко лекување. Во десет турски провинции, заедно со спасувачките напори, намерно се уриваат оштетените згради, а урнатините се расчистуваат.

Во меѓувреме продолжуваат „чудата“ и десеттиот ден од земјотресот. Турската радио телевизија (ТРТ) утрово јави дека седумдесет и седумгодишната Фатма Гунгор е извлечена од урнатините 212 часа по разорниот земјотрес. Таа беше спасена од Адијаман.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лидерите на „ВРЕДИ“ на средба со Албин Курти

Дејан Дејан

Променливо облачно со сончеви периоди и локална нестабилност – Временска прогноза за 20.5.2024

Дејан Дејан

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе