Вести Македонија Свет Топ вести

ТЕЛМА од Молдавија: Претседателката Санду со драматично предупредување пред средбата со Османи – Русија подготвува државен удар

Известувач од Кишињев

Огнен Чанчаревиќ

Маја Санду, претседателката на Молдавија, во пресрет на утрешната средба со министерот Бујар Османи, кој е во официјална посета на државата во својство на претседател на ОБСЕ, соопшти дека располага со информации дека Русија подготвува државен удар во Молдавија.

Според претседателката Санду, информациите ги добила од украинската разузнавачка служба а државниот удар би се извел преку протести на опозицијата поддржани од Руската Федерација, на кои би учествувале лица со воено искуство и обука како и државјани на Русија, Србија, Белорусија и Црна Гора. Првата цел би им била заземање на зградите на државната администрација во Молдавија.

„Рускиот план во претстојниот период предвидува спроведување на саботажи а лица со воено искуство и позадина, маскирани како цивили, ќе извршат насилни акти и напади врз државни објекти со земање на граѓани и службеници како заложници. Документите кои ги добивме од нашите украински партнери ги посочуваат целите како и логистичките аспекти на операцијата. Планот предвидува употреба на платеници за спроведување на насилни акти а материјалите кои ни се доставени укажваат на инструкции како државјани на Русија, Србија, Белорусија и Црна Гора да влезат во Молдавија“, рече претседателката Санду, попладнево на прес-конференција.

Според Санду, во импленетирање на планот за државен удар ќе се користат криминални групи од Молдавија, како и приврзаници на партијата „Шор“ и на поранешниот пратеник и олигарх, Владимир Плахотниуц.

„Целта е да се запре процеот на интеграции на Молдавија во ЕУ, да се втурне државата во немир, но и да се искористи во војната против Украина. Сите кои евентуално ќе учествуваат во обид за државен удар или ќе им помагаат или ќе им пружаат логистика мораат да бидат изведени пред лицето на правдата“, рече Санду.

Молдавската претседателка утре има официјална средба со министерот Османи кој во својство на претседатл на ОБСЕ е во официјална посета на Мoлдавија.

Османи во Молдавија во својство на претседавач со ОБСЕ – главна цел е поттикнување на разговорите меѓу Кишињев и автономната област Транснистрија

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе